Десет најлоши грешки со кои ја уништувате батеријата на мобилниот: Број 8 е опасна по живот!

Доколку сакате батеријата на вашиот телефон да трае подолго, погледнете ги овие 10 корисни совети кои експертите за мобилни телефони ги споделија со јавноста.1. Полнење до 100% не е препорачливо
Многумина го полнат телефонот веднаш штом ќе забележат дека батеријата паднала под 100%. Меѓутоа, потребно е да знаете дека постојаното полнење на батеријата му штети на телефонот. Експертите за мобилни телефони велат дека телефонот најдобро функционира кога батеријата е помеѓу 80% и 30%.
2. Симнете ја маската додека го полните телефонот
На многу начини може да се прегрее телефонот, а еден од нив секако е и држење на маската на телефонот додека се полни. Затоа запомнете да ја тргнете маската кога го ставате телефонот на полнење.
3. Не дозволувајте целосно да се испразни батеријата
Дали знаевте дека вашите литиум-јонски батерии кога целосно ќе се испразнат влијаат негативно врз животот на батеријата? Експертите советуваат на својот телефон да му дозволите целосно да се испразни само еднаш на секои два месеци за да може батеријата да се калибрира.
4. Прегревањето е лошо
Прегревањето најмногу влијае на телефонот. Тоа е затоа што батериите на телефоните се многу чувствителни, што генерално влијае врз функционирањето на телефонот. Батериите се чувствителни и на топли и ладни временски услови. Идеална температура за телефонот е помеѓу 0°C и 35°C.

5. Одржување на постојана температура
Екстерните батерии за полнење на телефонот се вистинско решение доколку батеријата на телефонот брзо се празни. Меѓутоа, овие батерии емитираат топлина која го загрева и самиот телефон. Во вакви ситуации е најдобро да се потпрете на преносливи полначи кога тоа е навистина неопходно.
6. Батеријата мора да се полни одвреме-навреме и кај резервните телефони
Доколку имате некој резервен телефон и него треба да го полните одвреме-навреме бидејќи во спротивно ќе дојде до деградација на капацитетот на батеријата.
7. Јачина на светлината на екранот
Јачината на светлината на екранот е еден од факторите кој брзо ја троши батеријата. Немојте да ја местите на максимум и наместете заклучување на телефонот на една минута.
8. Полначи
Секогаш употребувајте полнач кој сте го добиле со телефонот и специфичниот модел. Постојат поевтини варијанти на полначи кои можете да ги купите, но тие можат да ја оштетат вашата батерија, па дури и да се запалат.
9. Wi-Fi и пренос на податоци
Доколку Wi-Fi или Bluetooth ви се постојано вклучени на телефонот, тоа ќе ја исцрпи батеријата. Вклучете ги само кога навистина ви се потребни.
10. Апликации и нотификации
Секој пат кога ќе добиете нотификација, вашиот екран се вклучува и дополнително се троши батеријата. Исклучете ги нотификациите, како и ажурирањето за да не се испразни батеријата.1. Полнење до 100% не е препорачливо
Многумина го полнат телефонот веднаш штом ќе забележат дека батеријата паднала под 10

Пронајдете не на следниве мрежи: