Десет прекрасни мисли за животот

Никој не кажува дека животот е лесен. Но, зошто да се фокусираме на лошите работи кога светот ни нуди многу опции и можности. Наша задача е да ја грабнеме секоја шанса и да го искористиме моментот. Прочитајте го следните 10 мудрости за животот, кои ако ништо друго, ќе ја оплеменат вашата душа.1. На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност, инаку животот му станува неподнослив. – Ниче
2. Најголемиот освојувач е оној кој знае да победи без борба. – Лао Це
3. Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува. – Достоевски
4. Луѓето го сакаат она што е добро или што мислат дека е добро, но обично грешат во проценката што е добро. – Жан Жак Русо
5. Целта ги оправдува средствата, ама ниту една цел не може да биде толку возвишена за да ги оправда нечесните намери. – Алберт Ајнштајн
6. Две нешта ја исполнуваат мојата душа со восхит: ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.– Емануел Кант
7. Сите ние знаеме што сме , ама не знаеме што може да станеме. – Шекспир
8. Најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. – Ниче
9. Во животот како и во шахот, ги забележуваме нашите грешки тогаш кога другите ќе ги користат нив. – Толстој
10. Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќакое ти го дава љубовта.  – Семјуел Голдвин1. На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност, инаку животот му станува неподнослив. – Ниче

Пронајдете не на следниве мрежи: