Десет причини зошто прошетката по студеното време е добра за вашето здравје

Често можеме да слушнеме дека студеното време е добро за нашето здравје, но дали знаете кои здравствени придобивки ги имаат нашиот организам и ум од ниските температури?1. Повеќе енергија
Изложеноста на ниски температури, на пример прошетка по студеното време ќе ве исполни со енергија, а со тоа ќе бидете „енергични“ и откако ќе се вратите на топло. За студеното време да има вакво влијание, не морате многу долго да бидете изложени надвор – доволна е и кратка прошетка.
2. Подобар сон
Луѓето кои страдаат од несоница имаат висока телесна температура, па затоа спиењето во студени простории, на идеална температура од 16 до 21 степени Целзиусови, ќе им помогне подобро да спијат. Истото важи и за останатите кои имаат проблеми со заспивањето.
3. Согорување на калории
Студеното време поттикнува согорување на калории во темното масно ткиво. Темното масно ткиво произведува топлина и ги согорува маснотиите. Кај бебињата тоа служи за регулирање на телесната температура, додека кај повозрасните се наоѓа во помали количини.
4. Мозокот работи подобро
Докажано е дека на високи температури луѓето поретко донесуваат големи и сложени одлуки. Топлото време брзо ги исцрпува нашите резерви на глукоза, а бидејќи глукозата ја користиме во менталните процеси, нејзиниот недостаток влијае на нашата способност во донесување на одлуки.
5. Подобро дишење
Во есен и зима, воздухот е со подобар квалитет отколку во пролетните и летните месеци. Поради свежиот и чист воздух, ова доба од годината е идеално за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
6. Совршено за трчање
Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат при крајот на есента? Тоа е бидејќи на пониски температури трчањето е полесно и попријатно. Трчањето по топло и влажно време делува исцрпувачки за нашето тело. Истражувањата докажале дека луѓето трчаат побрзо на ниски температури, што значи дека во краток временски период можат да се согорат повеќе калории.
7. Помалку воспаленија и инфекции
Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање на мраз на отеченото и болно место. Истиот ефект го имаат и ниските температури на воздухот. Многу атлетичари во лечење на воспалението и повредите користат криотерапија, односно терапија со мраз –изложување на екстремно студени температури.
8. Подобро се чувствуваме
На студеното време не мораме да се грижиме околу тоа како изгледаме во здолниште или костими за капење, што нѝ ја крева самодовербата. А тоа е и период од годината кога размислуваме за вежбање, како дел од другите новогодишни одлуки.
9. Повеќе ги цениме деновите кои доаѓаат
Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во подрачја каде е секогаш топло и сончево не се посреќни од другите. Луѓето се со најдобро расположение после подолг студен период.
10. Нема инсекти
Ниските температури ги убиваат инсектите како што се комарците, што значи дека не мораме да се браниме од овие здодевни напасници како во летниот период.1. Повеќе енергија
Изложеноста на ниски температури, на пример прошетка по студеното време ќе ве исполни с

Пронајдете не на следниве мрежи: