Бидејќи многу луѓе одат под нож, лесно е да се минимализира сериозноста – и потенцијалната опасност на ваквите хируршки зафати. Денес ќе ви ја разоткриеме вистината за ова неславно хоби на славните, но и на обичните жени.Нема да се чувствувате подобро
Мислите дека лажните гради ќе ве усреќат? – Проблемот лежи во тоа што многу жени веруваат дека оваа промена ќе им го подобри животот. Несигурноста која ги мачи повеќето жени се од психолошка природа, но на многу од нив поедноставно им изгледа да ги средат надворешните недостатоци отколку да се соочат со подлабоките проблеми.
Пластичната хирургија, сепак е само хирургија
Секако дека естетските операции се избор, а не нужда.
„Дури и во рацете на најстручниот хирург може да дојде до компликации кои се предизвикани од несакана реакција на пациентот на анестетикот“. Докторот може да биде стручњак за анестезиологија, а исходот од зафатот да предизвика смрт на пациентот.
Периодот на закрепнување ќе биде грозен
Можна е појава на проблеми, како што се: крварење, долготрајни модринки и „јазли“ под кожата. Покрај сето ова, уште некое време нема да можете да му се вратите на својот нормален живот.
Ако, да речеме, сте го оперирале носот и после неколку дена се одлучите да им се вратите на вашите вообичаени активности – може да се случи дека ако се изложите на преголеми напори, крвниот притисок може да скокне толку многу што ќе доведе до пукање на крвните садови, како и до отоци и модринки.
Многу пациентки паѓаат во депресија
И покрај сите маки со завоите и модринките, некои пациентки минуваат низ период на пост-трауматски стрес. Хирурзите велат дека поради отоците и модринките, пациентките ќе помислат дека телото им делува изобличено и ќе помислат дали тоа некогаш ќе помине и се чувствуваат дека направиле некаква грешка.
Можеби ќе ви биде потребна доработка
„Многу често се случува да отидете на дополнителна операција доколку се најдете во рацете на погрешен доктор“, велат експертите. Генералниот ремонт после несмасно направената работа може да биде поскап од првата интервенција.
Работите може и да не потраат
Ова важи за зафатите како што е липосукцијата: Ако решите да го направите овој зафат, морате стриктно да внимавате да не се здебелите, бидејќи во спротивно ќе си го вратите „вишокот“, но на други места. Во превод – задникот можеби ќе ви остане помал од претходно, но бутините можат да достигнат зголемени размери.
Има и нестручни доктори
Многу доктори немаат важно искуство зад себе.
Ќе ве чини
Најдобрите доктори се и најскапи. А тешко дека ќе можете да добиете липосукција на одложено плаќање: поупатените велат дека секој угледен хирург ќе бара веднаш да ги покриете сите трошоци.
Може да влезете во магичен круг
Околу 15% од лицата кои се решаваат да одат под нож, страдаат од психолошко пореметување кое подразбира екстремно искривена и негативна перцепција за сопствениот физички изглед.
Вистинските мажи не се воодушевени од пластичната хирургија
Во една анкета во која беа опфатени повеќе од 1.700 мажи, 66% од нив изјавиле дека повеќе би сакале нивните девојки да не направат ниедна пластична операција. Затоа, ако вашиот дечко ви каже дека повеќе би му се допаѓало да носите С корпа, можеби би требало да размислите дали ќе треба да го надградите дечкото, а не градите.
Нема да се чувствувате подобро
Мислите дека лажните гради ќе ве усреќат? – Проблемот лежи во тоа што многу жени веруваат д



