На полиците во супермаркетите се наоѓаат толку многу зачини, што секогаш може да нѐ збуни изборот на зачините кои доаѓаат во различни облици и пакувања.Доколку не знаете од каде да почнете, ви донесуваме листа на основни зачини кои секое јадење или десерт ќе го направат повкусно:
Црн бибер
Заборавете на мелениот бибер. Доколку навистина сакате да ги почувствувате неговите ефекти, црниот бибер треба да го имате во зрна и да го сомелете пред употреба.
Каенски бибер
Наскоро почнува сезоната за правење скара и каенскиот бибер е зачин со кој може да ги зачините месото и зеленчукот. Како и лутите пиперчња, каенскиот бибер содржи капсаицин, кој е здрав и дава луткаст вкус.
Чили
Доколку сакате уште некој доказ дека лутото е здраво за организмот, ќе ве израдува истражувањето во кое научниците утврдиле дека капсаицинот не предизвикува чир, бидејќи ги уништува штетните бактерии и го стимулира создавањето на заштитните желудочни сокови.
Цимет
Неговиот специфичен вкус, но и мирис, секогаш добро одговараат за слатките. Замислете го вкусот на топла штрдула од јаболки како мириса во вашиот дом…
Кумин
Најновите истражувања покажале дека куминот помага до трипати повеќе при топењето на килограмите. Истражувањето кое беше спроведено на иранскиот медицински универзитет „Шахид Садуги“, покажало неверојатни резултати: само една лажичка кумин дневно помага при слабеењето и го намалува опсегот на масно ткиво и нивото на холестерол.
Ѓумбир
Обидете се да купите сув, односно мелен ѓумбир. Подготвен на тој начин, за да има уште поинтензивен вкус. Ѓумбирот го смирува желудникот, богат е со антиоксиданси и затоа е добар во борбата против бројните воспалителни процеси во организмот.
Сол
Без солта не се може. Единствено внимавајте на внесот на сол во организмот, бидејќи некои намирници често се солени сами по себе.
Цело мускатно оревче
Овој по малку зимски зачин, во ладните денови често се користи во разните напитоци или јадења, но и во пекарските производи. Кога ќе ви притреба, изрендајте го количеството кое ви е потребно, а остатокот чувајте го во цело парче.
Оригано
Добро е да се чува ориганото на прозорец, бидејќи неговиот ароматичен мирис ги одбива инсектите, а можете да го користите во сите јадења – од сос за тестенини, па сѐ до пица.
Луто пиперче
Црвеното луто пиперче е одлично за подготовка на премаз или сос кои би давале специфичен вкус.Доколку не знаете од каде да почнете, ви донесуваме листа на основни зачини кои секое јадење или десерт ќе го направат повкусно:
Цр



