Како музиката предизвикува емоции или едноставно што е тоа свест се само две од многуте неодговорени прашања поврзани со човечкиот мозок.Одговорите на споменатите прашања се уште не се добиени, ама тие и не се единствените.
„AllTime10's“ на едно место собрал 10 нерешени мистерии кои се уште ги крие човечкиот ум, со делумно објаснување и погодувања, ама и причините зошто некои работи сеуште ни се непознати.
Меѓу овие мистерии се наоѓаат и емоциите и физичката реакција кои се појавуваат кога слушаме музика, а тие не придонесуваат за наше преживување, свеста кои сите ја имаме, ама не е познато зошто е субјективна за секоја личност и како специјализираните делови од мозокот комуницираат меѓусебно и како мозокот од тие елементи создава наша поединечна перцепција за светот.
Голема загонетка претставува и сонот за кој поедини научници веруваат дека ни помага да ги решиме проблемите со кои се соочуваме како и начин на кој нашиот мозок го разбира времето – иако звукот патува побрзо од сликата, нашиот мозок сепак е во состојба да ги синхронизира овие работи.
Одговорите на споменатите прашања се уште не се добиени, ама тие и не се единствените.
„AllTime10's“ на едно место