Десетте предности на постењето што ќе ве изненадат- I дел

Дали е добро да “гладувате” секој ден или неколку дена во неделата? Епа, еден куп докази покажуваат дека одредените периоди на постење претставуваат добра работа.Постењето е се повеќе популарно во текот на годините, особено кај здравата заедница. Додека повеќето здравствени работници се плашат да препорачаат помалку јадење поради јавното осудување, сеуште не се ублажени неверојатните предности на разумното постење.
Во првиот дел од текстов, ќе ви ги прикажеме дел од 10-те предности на постот кои ќе ве изненадат и како можете да ги вклучите во вашиот живот.
1. Постот помага во слабеењето Постењето може да биде сигурен начин да се изгуби телесната тежина, како што многу студии покажаа дека наизменичното постење(постење кое е контролирано во текот на определен број на часови) овозможува телото поефикасно да согорува масни клетки отколку редовните диети.
Наизменичното постење му овозможува на телото да користи масти како примарен извор на енергија наместо шеќер. Многу спортисти постат како средство за отстранување на малиот процент на телесни масти за натпревари.
2. Постењето ја подобрува чувствителноста на инсулин
Постењето покажа позитивен ефект врз чувствителноста на инсулин, овозможувајќи подобро да се толерираат јаглехидратите. Една студија покажа дека по периодите на постење, инсулинот станува поефикасен во пренесување на информацијата до клетките, да ја земаат гликозата од крвта.

3. Постењето го забрзува метаболизмот
Наизменичното постење му дава одмор на вашиот дигестивен систем и може да стимулира вашиот метаболизам поефикасно да согорува калории. Ако вашиот метаболизам е слаб, тоа може да влијае на вашата способност да се вари храната и согоруваат мастите. Наизменичното постење може да го регулира вашето варење на храната, да ја поттикнува здравата фукнција на дебелото црево и на тој начин подобрувајќи го вашиот метаболиам.
4. Постоењето промовира долговечност
Верувале или не, колку помалку јадете толку повеќе ќе живеете. Истражувањата покажаа дека животниот век на луѓето во некои култури се зголемува пораи нивната исхрана. Сепак, ние не треба да живееме помеѓу странските заедници за да ги користиме придобивките на постот. Еден од примарните ефект на стареењето е слабиот метаболизам, односно колку што е помладо вашето тело, толку е побрз и поефикасен вашиот метаболизам.
5. Постењето ја подобрува гладта
Само помислете дали можете да почувствувате вистински глад ако јадете оброци на секои 3-4 часа? Се разбира дека не можете. Всушност, за да можете го почувствувате вистинскиот ефект на гладта, не треба да јадете 12 д 24 часа.Постењето помага во регулирање на хормоните во вашето тело. Знаеме дека дебелите лица не добиваат точни сигнали кога се најадени поради прекумерната навика за јадење.
Помислата за постење е како копче за ресетирање: колку подолго постите, толку повеќе вашето тело може да регулира ослободување на правилни хормони, така што може да почувствувате што е вистинска глад. Кога вашите хормони работат правилно, толку побрзо ќе се најадете.
Во утрешниот втор дел ќе ви ги прикажеме преостанатите предности од на постењето. Постењето е се повеќе популарно во текот на годините, особено кај здравата заедница. Додека повеќето здравствени работници се плашат да препорачаат

Пронајдете не на следниве мрежи: