Десковска на средба со пленумци – партискиот подмладок на СДСМ

Министерската за образование и наука Рената Десковска денес оствари средба со претставници на таканаречениот Студентски пленум, кој, во најголем дел го сочинуваат членови на подмладокот на СДС и кој, како и сите останати пленуми своевремено беше формиран во рамки на партиската стратегијата за рушење на владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ која кулминираше со шарањето и упадот во државните институции, пишува Денешен.На средбата присуствуваа Деа Здравковска и Ѓорѓи Рајчиновски, кои според информациите со кои располага нашата редакција имаат насока од централата на Бихаќка да продолжат да глумат невладин сектор и граѓански активисти за подобрување на студентскиот стандард. Секако, нивниот ангажман и медиумска експонираност ќе зависат од потребите на СДСМ, а трудот ќе им биде соодветно плаќан како и досега, преку доделување на средства од разно – разни сомнителни невладини организации.
Деа Здравковска е еден од најблиските пријатели на лажниот борец за студентски права Ивана Туфегџиќ која потоа учествуваше во т.н. шарена револуција и на тој начин си обезбеди пратеничко место преку листите на СДСМ.
Здравковска, дејствува и преку други организации и тоа најчесто преку Младинскиот образовен форум – МОФ, кој добива финансиски средства исклучиво за активности чии цели се дефинирани во повисоки странски центри на моќ. А за потсетување, МОФ во последните неколку години има добиено над 1.000.000 евра соросови пари.
Минатата година, поттикната од разочараноста дека не е регуларен претставник на студентите, Здравковска учествуваше во нападот на поранешниот студентски лидер Кирил Спировски, но и во обидот насилно да се блокира Ректоратот на УКИМ во моментите кога се избираше нов човек кој ќе ја предводи оваа високо образовна институција.
 

Слична биографија има и нејзиниот пријател и “соборец“ за студентски права Ѓорѓи Рајчиновски, чиешто делување, исто така е проследено со низа апсурди.
Па така, минатата година активно барајќи подобри инфраструктурни услови за студирање и сместување на студентите, истовремено беше и дел од толпата која ја блокираше изградбата на новите објекти за потребите на неговите колеги студенти од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура.

Ѓорѓи Рајчиновски, чијшто идол е професорот со богато криминално досие Љубомир Фрчковски, исто така е дел од мрежата каде се делат големи странски хонорари.

Јавноста го памети по насилното однесување за време на пребројувањето на гласовите при изборот на нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, кога беше повреден дотогашниот Кирил Спировски. Очигледно како и многу други активисти на СДС, и тој тренирал и бил подготвуван за вандализам во партиските штабови.
Инаку, Здравковска и Рајчиновски беа дел од групата студенти кои уште во 2015 година  учествуваа во работната група преку која тогашната влада работеше на усвојување на целосно нов закон за високо образование чијашто единствена цел беше подигнување на квалитетот на високото образование и унапредување на можностите за студентите и професорите. Но, во периодот на усогласување на ставовите на сите засегнати страни, тие добија партиска насока да се повлечат од дебатата и да бараат промена на власта, со што јавноста ги разобличи нивните вистински намери.На средбата присуствуваа Деа Здравковска и Ѓорѓи Рајчиновски, кои според информациите со кои располага нашата редакција имаат насока од централата

Пронајдете не на следниве мрежи: