Десната рака на Зоран Заев го заплашува Филип Петровски, кој ги разоткри злосторствата од 1945 во Македонија!

Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски беше сослушан од обвинителите во Скопје поради неговиoт  пост на Твитер. Жалбата е поднесена од страна на шефот на локалниот нелегитимен Хелсиншки, комитет Уранија Пировска и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, пишува бугарскиот портал БГНЕС.
Во постот  на Петровски има слика од предизборниот митинг во Прилеп и се споменуваат историски личности од ВМРО. Благодарение на Филип Петровски на крајот на минатата година за првпат беа објавени податоците за злосторствата од 1945 година, извршени од злобната југословенска државна безбедност на диктаторот Јосип Броз Тито. Од откритијата стана јасно дека во Македонија во 60-те години на минатиот век биле прогонувани 136 800 луѓе. Филип Петровски објави 9 тома со вкупно 13 500 оргинални документи на УДБА, собрани во 16 книги. Од нив стана јасно дека во земјата има илјадници убиени без  пресуда.
Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи во техничката  влада, која ги  организираше  предвремените  парламентарни избори на  11-ти декември 2016 година. Спасовски се смета за најдоверливиот човек на Зоран Заев. Неговото име се споменува и за претседател на парламентот, кој  се смета ќе го отстапи местото на етнички Албанец при составувањето на евентуална влада на чело со Зоран Заев.
Од откритијата на досиејата стана познато дека УДБА го следела  Петровски до 1998 година, вклучувајќи и кога тој беше лидер на студентските протести во почетокот на 90-тите години во Скопје. Од почетокот на месец март Филип Петровски активно учествува во протестите против т.н.. „Албанска платформа“, кои се одржуваат секоја вечер во десетици градови во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: