Две лица ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот и 05 минути се случи на на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на околу 400 метри од пешачкиот остров пред влезот на хотелот Десарет.Од здобиените повреди, на лице место починал Александар Л. (26) од Охрид, а на пат кон Општа болница во Охрид, во возило од брза помош починал Виктор С. (22) од селото Ваташа-Кавадарци.
Двете починати лица се наоѓале на моторцикл марка „Гилера“ со охридски регистарски таблици и по коловозот се движеле од правец на Св.Наум кон Охрид. На критичното место, моторциклот преминал на левата сообраќајна лента и со предниот дел удрил во левата предна страна од патничко моторно возило марка „Фолксваген транспортер“ со германски регистарски ознаки. Ова возило се движело од спротивната насока, управувано од Ф.Е. (32) од Дрезден-Германија. Починатите, немале заштитни шлемови во моментот на управување на моторциклот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и вешто лице. За време на увидот кој траеше до 21 часот, сообраќајот, до 20 часот и 25 минути беше запрен во двата правци а потоа физички регулиран со наизменично пропуштање на моторните возила.
По наредба на јавниот обвинител, во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција врз сега починатите а ќе биде извршено и дополнително вештачење врз моторциклот.Од здобиените повреди, на лице место починал Александар Л. (26) од Охрид, а на пат кон Општа болница во Охрид, во возило од брза помош починал Викт