Детали од средбата Груевски- Хан: ЕУ не сака да се меша во одлуките на партиите за формирање влада

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Никола Груевски, а во која учествуваа и Никола Попоски, Никола Тодоров, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски и Александар Николовски, вчера се сретна со комесарот на ЕУ за соседство и за проширување, Јоханес Хан.На средбата, која, според договореното, почна во 20.45 часот и траеше два часа, беа отворени повеќе теми. Главни теми беа организирањето и резултатите од изборите, постизборниот период и обидите за создавање коалиција, зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори, кои би се организирале заедно со локалните, дебатите за Законот за употреба на јазиците, СЈО, пларформата на албанските партии, ризиците од користењето на оваа платформа како начин за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, плановите и целите доколку ВМРО-ДПМНЕ формира влада, вклучувајќи ги и реформите, воспоставената практика за коалицирање во Македонија по принципот победник со победник, предностите и слабостите на широките коалиции и искуствата на Македонија со вакви коалиции.
На прашањето на „Република“ како поминала средбата со еврокомесарот Хан, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја искористи можноста во детали да го запознае комесарот со случувањата и да ги аргументира сета своја политика и одлуки. Притоа, вели Котевски, ВМРО-ДПМНЕ ги презентира своите позиции во однос на овие прашања користејќи ги аргументите, кои во последните неколку недели ги презентира пред јавноста во различни форми на комуникација.
–Комесарот Хан ги изнесе своите размислувања, кои се идентични со неговите јавно искажани ставови на вчерашаната прес-конференција, како и низ формата на препораките што претходно беа испраќани преку прес-конференциите на портпаролите на ЕУ, при што беше нагласено дека ЕУ не сака да се меша во тоа кој со кого ќе коалицира и какви одлуки ќе донесат македонските партии во однос на креирањето колиција и влада – изјави Котевски за „Република“ и додаде дека средбата била корисна за меѓусебно информирање и аргументирање на ставовите и објаснување на принципите за сите позиции по различните прашања.
ВМРО-ДПМНЕ, потсетува тој, е партија, чија што платформа и стратегија се зачленување на Република Македонија во ЕУ.
На крајот, делегацијата на партијата му заблагодарила на комесарот Хан за напорите да ѝ помогне на земјата.На средбата, која, според договореното, почна во 20.45 часот и траеше два часа, беа отворени повеќе теми. Главни теми беа организирањето и резултат

Пронајдете не на следниве мрежи: