Детали од убиството на Осама бин Ладен

Анонимен американски командос од елитната „Екипа 6“ на „фоките“, во интервју за списанието „Ескваер“, објасни како го убил водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. 
Името на триесет и петгодишниот командос не се спомнува и тој е претставен како Стрелецот, поради опасноста која може да го демнее него и неговото семејство. 
Овој командос кој бил дел од воено-поморските сили цели 16 години, денес нема пензија, ниту здравствено осигурување, поради тоа што ги немал неопходните 20 години служба во вооружените сили за да може дадобие социјална помош. 
Тој раскажува дека се се одвивало доста брзо и тој бил од оние неколкумина што влегле во собата на водачот на Ал Каеда, во неговата куќа на трети кат. Водачот на Ал Каеда не гледал ништо во темницата, додека командосот бил со очила за ноќно гледање.
 
„Бин Ладен беше таму, стоеше исправено, со рацете на рамената на една жена. Ја туркаше напред, не точно кон мене, туку кон ходникот. Таа беше најмладата негова жена, Амал“, раскажа тој. 
Во моментот кога го заприметил Осама бин Ладен, „фоката“ веднаш испукал два куршума, од кој еден во неговата глава. 
 
„Беше мртов. Не мрдаше“, објаснува „фоката“.
 
Тој бил изненаден од тоа како изгледал Бин Ладен, а пред се од неговиот висок раст. 
 
„Си споменувам дека го набљудував како умира и си помислив: дали е ова најдоброто нешто што сум го направил или е најлошото“?, додава американскиот командос. Потоа тој го видел помалиот син на Бин Ладен, кој бил на возраст од две или три години и стоел веднаш до креветот. 
 
„Не сакав да го повредам затоа што не сум варварин. Одекнаа викотници, детето плачеше, беше во шок. Го кренав и го ставив до мајка му. Лицето му го порсклав со вода“, раскажува анонимниот командос кој го убил Осама бин Ладен за списанието „Ескваер“.
Извор. ДенешенАнонимен американски командос од елитната „Екипа 6“ на „фоките“, во интервју за списанието &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: