ДЕТАЛИ ОД УРИВАЊЕТО НА АВИОНОТ НА „ФЛАЈ ДУБАИ“: Црната кутија снимила „нечовечки крикови“ од кабината

Неколку секунди пред да се урне во близина на аеродромот во Ростов на Дон на 19 март годинава, во авионот на компанијата „Флај Дубаи“ се слушаат „нечовечки крикови“, пренесува „Спутник“, а објави ТВ „Русија 1“.Извор од комисијата што ги истражува причините за падот на авионот на нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“ во близина на аеродромот во Ростов на Дон на 19 март годинава, а врз основа на дешифрирањето на последниот разговор на екипажот, наведува дека во кабината се случувало нешто необјасниво непосредно пред леталото да удри на земјата.
Според податоците на истрагата, при второто облетување „боингот“ ненадејно се кренал на висина од 1.500 метри.
– Висината се зголемуваше автоматски 40 секунди. Бидејќи не ја постигна потребната висина, пилотот го исклучи автопилотот. Засега не е јасно зошто го направи тоа. Можно е авионот да се нашол во „атмосферски ножички“. Токму од тој момент, кога е исклучен автопилотот, „боингот“ почнува да понира.
Авторите на емисијата посветена на оваа несреќа на ТВ „Русија 1“, повикувајќи се на стручњаци, претпоставуваат дека по исклучувањето на командата пилотот се обидел да го изведе авионот во хоризонтален лет, но се вклучил стабилизатор кој предизвикал блокада на управувачот.
– Тој се вклучува на копче. Во текот на турбуленцијата, главниот пилот преминувајќи на рачно управување и можел случајно да го притисне тоа копче и да не забележи, особено ако се има предвид дека претходно се жалел на хроничен замор. Ако не е така, тогаш станува збор за необјасниво откажување на автоматиката – пишува во материјалот. Рускиот канал ги пренесува зборовите на својот извор, според кого шест секунди пред падот на авионот во кабината се зачуле нечовечки крикови, што можело да се слушне и при преслушувањето на црната кутија.
Авионот на авиокомпанијата „Флај Дубаи“ се урна на 19 март, а во несреќата загинаа сите 55 патници и седум членови на екипажот.Извор од комисијата што ги истражува причините за падот на авионот на нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“ во близина на аеродромо

Пронајдете не на следниве мрежи: