Крвавите дамки брзо ќе се исчистат но тетовско Боговиње долго ќе го памети вчерашниот ден кога во бурекџилницата во близина на општинската зграда беше убиен градоначалникот Хазби Идризи. Во него пукал 53 годишниот инженер Абази Ќасани кој до неодамна бил вработен во општината, пренесува ТВ Сител.Од обвинителството велат дека Ќасани го забележал градоначалникот во бурекџилницата, по што излегол од автомобилот и се упатил внатре. Избила жестока распоравија, по која, 53 годишниот инженер извадил пиштол и скоро целиот шаржер го испразнил во градоначалникот Идризи. Испукал шест куршуми од кои дури 4 завршиле во телото на Идризи а еден во главата. Повредите биле фатални. Иако веднаш со автомобил бил префрлен во тетовската болница, петте прострелни рани не им оставиле на докторите простор да му помогнат на градоначалникот. Смртта е констатирана веднаш по неговото пристигнување во болницата.
53 годишниот Ќасани по убиството побегнал од бурекџилницата и со автомобилот се упатил кон својот дом. Последниот куршум го чувал за себе. Си пукал во главата, но не починал веднаш. Бил префрлен во тетовската болница, каде лекарите го интубирале и го испратиле во Скопје. Починал само што бил примен на скопските клиники.
И покрај настојувањата на Сител, од МВР кое го раководи кадар на ДУИ не сакаа да зборуваат пред камери за убиството на градоначалник од сопствените редови. Во писменото соопштение не се откриваат детали за мотивот за убиството. Во отсуство на официјални информации, во Боговиње кружат неколку верзии кои го навестуваат мотивот на убиецот. Тој бил вработен во општината, а според неофицијални информации градоначалникот му замерувал за пропусти и несовесно работење. Ситуацијата ексалирала кога добил отказ.
За да се смират тензиите, градоначалникот Идризи му ветил вработување, но Ќасани бил нестрплив. На убиството му претходеле неколку расправии. Речи си сите жители на Боговиње знаеја за односот меѓу градоначалникот и Ќасани, но никој не се надевал на ваков крај.
Од партијата на Идризи вчера преку писмено соопштение му изразија сочуство на семејството на градоначалникот и побараа институциите целосно да го расветлат случајот.Од обвинителството велат дека Ќасани го забележал градоначалникот во бурекџилницата, по што излегол од автомобилот и се упатил внатре. Избила жесто