Вчера околу 21 часот на булеварот Крсте Мисирков на постојката кај 26-ти Јули, во автобус на ЈСП бр. 50, од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот.Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20, информираат од МВР.
Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци.
Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. За сега е приведено едно лице Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството.Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата