недела, 29 ноември 2026
Најново

Детали за проектот за гасификација на Неготино

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од јули минатата година започна изградбата на гасоводната мрежа Штип-Неготино-Кавадарци. Овој проект треба да биде завршен до крајот на оваа година. Истиот денеска на прес конференција го презентираше пратеничката од Неготино, од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Павлинка Честојнова која потенцираше дека тие како победничка партија со освоени 455.000 гласови ќе продолжат со реализација на проектите зацртани во програмата „Реално“.
 -Употребата на природниот гас ќе обезбеди поголема заштита на животна средина и намалување на интензитетот на загадувањето на воздухот. Овој проект е вреден околу 16 милиони евра, а истиот е во должина од од 36 километри, во чиј состав се мерните станици, Штип и Неготино, посочи Честојнова.
Ова значи дека наскоро овој регион добива поевтин и еколошки енергенс. Штом заврши изградбата на гасоводната мрежа, експертите велат дека прво тој ќе влезе во производствените капацитети и тоа во оние кои сега се планираат да се изградат во Индустриските Зони во Неготино и Кавадарци. Домакинствата ќе се гасифицираат постепено. Пресметките покажуваат дека економските бенефити од употребата на природниот гас се огромни.
Дирекно преку намалување на нивните сметки, и тоа за 7% поевтинување ќе имаат оние семејства кои сега се греат на дрво, поевтинување за 35% ќе имаат оние кои сега се греат на струја, и поевтинување за над 50% за оние семејства кои користат друг вид на течни и тврди нафтени горива.-Употребата на природниот гас ќе обезбеди поголема заштита на животна средина и намалување на интензитетот на загадувањето на воздухот. Овој проект

Поврзани вести