Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 17 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Охрид-Струга во близина на „Оровничка плажа“.Од здобиените повреди, на лице место почина Александар С.(26) од селото Горенци општина Дебарца. Со тешки телесни повреди се здобил Р.А.(39) од Охрид кој поради сериозноста на повредите е префрлен во болницата „Св.Еразмо во Охрид. Лицата И.С. (29) и В.Т.(55) двајцата од Охрид се здобиле со лесни повреди и по извршениот медицински преглед во болницата „Св.Еразмо“ се пуштени на домашно лекување.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по регионалниот пат во правец од Струга кон Охрид управувал моторцикл марка „Јамаха“ при што од засега непознати причини се случил директен судир со такси патничко моторно возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски таблици. Од ударот, помеѓу предните делови на моторциклот и патничкиот автомобил, сега починатиот моторциклист излетал надвор од коловозот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак, главниот инспектор за сообраќајни работи при СВР Охрид и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Увидот започна во 18 часот и 10 минути а заврши во 21 часот и 45 минути, при што од страна на полициски службеник се вршеше наизменично регулирање на сообраќајот
По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Форд Мондео“ и моторциклот „Јамаха“ се подигнати за понатамошно техничко вештачење а врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција.Од здобиените повреди, на лице место почина Александар С.(26) од селото Горенци општина Дебарца. Со тешки телесни повреди се здобил Р.А.(39) од Охр