Детали за третиот напаѓач од Лондон

Третиот терорист од Лондон се викал Јусуф Загба и тој е роден во 1995 година, пишува весникот „Кориере дела сера“.
 Таткото на Загба е Мароканец, а неговата мајка Италијанка, Тој е роден во Фес, во Мароко. Во март 2016 година е уапсен на аеродромот во Болоња, додека се обидувал да се качи на авион за Турција и оттаму да замине за Сирија.
Италијанското разузнавање ги информирало мароканските разузнавачки служби дека Загба бил сомнителен и оти често патувал. Слично предупредување е упатено и до британското разузнавање.
Родителите на Загба одредено време живееле во Мароко, а потоа се разделиле и мајката се вратила во Италија. Сега живее во провинцијата Болоња. Синот неколку пати патувал од Мароко до Италија за да се види со неа.
Во март 2016 година кога бил уапсен, тој бил обвинет за меѓународниот тероризам, но тоа обвинение не било докажано. И покрај тоа Италија го поместила на листата на лица, кои претставуваат ризик за безбедноста.
Тој пред нападот живеел во Лондон, каде сезонски работел во ресторан.
Полицијата вчера ги објави имињата на другите двајца напаѓачи, Хурам Сазад Бут, кој и претходни и бил познат на полицијата и на МИ5 и Рашид Редуан.
Британците денеска одржаа едноминутен молк за жртвите од најновиот терористички напад во Лондон, додека ожалостените се собраа околу цвеќето, кое за настраданите беше положено на Лондонскиот мост, каде во саботата вечерта седум лица се убиени, а десетина се ранети.
Во Британија едноминутно молчење се одржа во 11 часот по локално време.
Знамињата на зградите на државните институции денеска се спуштени на половина копје, додека градоначалникот на Лондон Садик Кан го посети седиштето на лондонската Брза помош.
Британија им одава почит на жртвите само два дена пред вонредните парламентарни избори.
 Таткото на Загба е Мароканец, а неговата мајка Италијанка, Тој е роден во Фес, во Мароко. Во март 2016 година е уапсен на аеродромот во Болоња, дод

Пронајдете не на следниве мрежи: