Детали за убиството во Велес: Со чекан и хебла ги нападнал соседите, сите членови на едно семејство

Жителите на Велес утрово се вознемирени по веста за грозоморното убиството кое синоќа се случило во градот.Полициските информации говорат дека убиен е еден маж, а повредени се четири лица.
Убиството се случило синоќа околу 3 часот по полноќ, кога С.В. (46) насилно влегол во куќата на неговиот сосед Д.Н. (66) со кого имале нарушени соседски односи.
С.В. со чекан и хебла во рацете им нанел повреди во пределот на главата на Д.Н., неговата сопруга Л.Н. (55), и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои живееле на еден кат од куќата.
Крвавиот пир соседот го продолжил на другиот кат од куќата каде живеел братот на Д.Н. Соседот убиец ги нападнал и братот Т.Н. (63) и неговата сопруга В.Н. (53).

Сите повредени, како што информираат од полицијата биле пренесени во велешката болница каде Д.Н. им подлегнал на повредите. Поради сериозноста на добиените повреди во главата, сопругата на починатиот со крварење со мозокот е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Од МВР информираат дека напаѓачот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на овој случај.
 Полициските информации говорат дека убиен е еден маж, а повредени се четири лица.
Убиството се случило синоќа околу 3 часот по полноќ, кога

Пронајдете не на следниве мрежи: