Синоќа околу 19:30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на улица „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници.Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот.
Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од село Стајковци, скопско.
Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла