Чешки алпинист загина кај Демиркаписката клисура, качувајќи се на карпа. Тој паднал од висина од околу 20 метри при што се здобил со тешки телесни повреди.Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека се случила несреќа во која загинал 71-годишниот С.П. од Дечин, Република Чешка.
Несреќата е пријавена вчера околу 12 часот во полициската станица во Неготино.
Екипи од полициската станица во Неготино и од Итната медицинска помош излегле на местото на несреќата при што констатирале смрт.
Причина за падот, како што се наведува во соопштението од полиција, е сопствена грешка.
По наредба на јавниот обвинител, телото е однесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека се случила несреќа во која загинал 71-годишниот С.П. од Дечин, Република Чешка.