Детето е дете а не сексуaлна играчка

Здраво.. Прв пат се соочувам со ова да раскажам јавно нешто што се обидував секогаш да го сокријам длабоко во себе… Ме мотивира господинот Шиндре кој смета дека децата на 12години сакат или размислуваат на секс.. Сега ќе ви раскажам на што размислував јас..Размислував на игра, на песни, на забава, на прошетки и на убавините на целиов свет. Размислував на насмевки и на безгрижноста што ја имав во себе.Се смеев најгласно и најискрено од срце,пеев на сиот глас и имав безброј соништа што ќе бидам кога ќе пораснам.. Размислував за симпатијата но никогаш на тоа да имам секс со симпатијата или некој друг. Имав 13години и бев дете полно надеж.Моите дома се прашуваа како можев да бидам толку немирно дете но велеа и дека им влевав надеж што тогаш воопшто не ги разбирав што сакаат да кажат.. Добивав коментари дека сум најпозитивно дете и дека сум ги расположувала луѓето околу мене..И на сите тие коментари само се насмевнував.. Безгрижноста ми ја снема на моите 14години..12 дена после мојот 14ти роденден.. Дојде некој од никаде, се појави и уништи едно детство го уништи моето детството кое го чував со најголемите сили што ги имав во себе.. Тој 45години јас 14 и се обиде да направи нешто што ни ден денеска самата немам зборови за да го опишам.. Нема да раскажувам за судските процеси и моите болни погледи кон основниот суд.. Ќе ви раскажам за оние денови поминати во една соба помеѓу четири ѕидови. Тие денови бев силна пред сите.. Ниту се смеев ниту плачев. Не сакав да раскажувам што се случило иако тоа се бараше од мене барем по три пати на денот.Ги бришев солзите а во себе се губев.. Жалев за деството.. Жалев за безгрижноста,за тоа дека почуствував туѓа нечиста рака на себе.. Се гадев од себеси гледајќи се во огледало.. Дали сте се запрашале колку болат тие солзи?Дали се запрашавте колку ја болеа мајка ми сите мои неуспешни обиди за самоубиство.. Знаете ли како е кога ја гледаш белата врата на која пишува детски психијатар и знаеш дека треба да влезеш низ таа врата и пак по стоти пат да изговараш зборови кои многу тешко се кажуваат “Ме допираше, ми рече, ми ги допираше нозете и градите..” Тоа е најтешкиот процес низ кој минува секое вакво дете.. Знаете во таквите психички болки не ги чуствувате физичките.. Не се чуствува болката на жилетот кој поминува по твојата рака.. Во тие денови се изгуби мојот детски свет и се преторив во човек кој знаеше само за темно и бедно! Поминав низ безброј непреспиени ноќи а на мојата прва искрена љубов наречена татко немав сили да му раскажам дека сеуште сум неговата ќерка и да го прегрнам. И сето ова поради еден болен ум кој е далеку од човек! Денес имам 18 години и повторно се смеам, пеам, се радувам на животот и имам надеж. Денес сум повторно безгрижно дете.. Прерано го допрев дното но издржав храбро и испливав на површина.. Затоа бидете храбри сте вие кои поминувате низ ова.. Кренете ја главата продолжите да пливате кон површината.. Јас и верувам други луѓе ќе не подржуваат и заедно ќе се избориме за нашата и правдата на другите жртви од страна на педофилијата…. Јас од денес па натаму ќе давам се од себе за заштитата на детската безгрижност и насмевка.. #шиндре се надевам дека ова ќе стигне до тебе за да ти укаже што значи да си дете затоа што ти тоа го имаш заборавено!Да ти ги укаже вистинските мисли на едно детско невино главче!
ИЗВОР: FacebookЗдраво.. Прв пат се соочувам со ова да раскажам јавно нешто што се обидував секогаш да го сокријам длабоко во себе… Ме мотивира господинот Шиндре

Пронајдете не на следниве мрежи: