Овој незаборавен потресен настан се случи во едно мало село во источниот дел на жупанијата Посавина. Локалните жители се зачудени како е можно свештеникот кој ги држи часовите по веронаука да претепа едно деветгодишно момче.Се работи за момче на кое пред година и пол му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот.
-Бев шокиран кога сопругата ме викна и ми кажа дека нашиот син се вратил од школо целиот расплакан, со крваво лице, модрици и видливи траги од прсти на вратот и лицето. Шокот беше уште по голем кога слушнав дека го претепал свештеникот, бидејќи не сакал да отиде на часот по веронаука и сакал да си дојде дома. Веднаш повикавме полиција – зборуваше таткото на деветгодишното момче.
Детето било прегледано од лекар кој установил повреди. Родителите го контактирале и онкологот од Загреб каде што детето се лечи. Лекарот рекол дека ова ќе делува на психичката состојба на детето кое веќе поминало неколку циклуси на хемотерапија и интензивно зрачење на мозокот и ‘рбетот.
-Ние сме многу загрижени за нашиот син, посебно кога ни кажа дека свештеникот тепајќи го, го удрил со главата од радијаторот. Поради тешката болест детето тешко може да се концентрира и подолго време да биде фокусиран, затоа после третиот школски час тој побарал да си отиде дома бидејќи му станало премногу напорно. Наставниците тоа го знаат и никогаш до сега не било проблем. Школата изрази интерес и за да му овозможи асистент на детето за да му помага при учењето. Свештеникот му рекол дека мора да остане на молитвата и после тоа дошло до вербален дуел, а потоа и физички контакт“ – кажува таткото. Тој дополни дека неговиот син е под голем стрес и никако не може да се смири.
-Полицијата разговараше со нас и со петтемина очевидци на настанот. Ние ќе одиме до крај, никој нема право да тепа никого, особено дете кое боледува од малиген тумор на мозокот – утврди таткото.
Свештеникот тврди дека детето имало напад на хистерија и агресија.
-Одговорно тврдам дека детето никогаш не го удрив, па не да го повредам. Само што влегов на веронаука тој ми рече дека не сака да седи на овој час и дека сака да си оди дома. Јас само побарав, прво да се помолиме, па затоа го замолив да остане и да разговараме за молитвата, бидејќи сметав дека тоа него ќе му биде доста интересно. Тогаш следеше експлозија на хистерија и агресија, каква што до сега не сум видел, а еве веќе 20 години сум свештеник и 18 години сум во школата – објасни свештеникот.Се работи за момче на кое пред година и пол му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот.
-Бев шокиран кога сопругата ме викна и ми кажа