Детето удавено во Хрватска, син на познат одбојкар

Тринаесет годишниот Лука М. кој се удави викендов на Брач во Хрватска, според сознанијата на медиумите е син на прославениот одбојкар Маркос Милинковиќ.Момчето било на летување со мајката и сестрата. Кобниот ден од другарите заминал надвор, а на мајка му околу 18 часот и кажал дека ќе оди со нив на игралиштето во близина да играат кошарка.
-Изнајмија кајак, тој и неговите пријатели. Кажаа потоа дека им било доволно, двајца заминаа на игралиштето, а тој им рече дека ќе остане да се бања уште малку, вели очевидец за хрватсите медиуми.
Околу 19 часот, друг турист дошол до плажата за да врати педалинка и од лицето кое ги изнајмува побарал маска „бидејќи му се причинило дека видел нечие тело или дека некој нурка“. Додал дека не сака да крева паника, па ќе оди да провери.
-Му дадов маска и кога пристигна до местото почна да ми сигнализира. Со синот отидовме таму со брод и навистина на дното, на некои 7 метри длабочина имаше тело кое лежеше на гради. Го извлековме, го ставивме во бродот и започнавме со реанимација. Кога дојдовме на плажата продолживме, но му немаше спас, вели локален жител, долгогодишен полицаец.
Лекарите се обиделе да го оживеат детето, но без успех. Се сомнева дека детето починало како последница од топлотен удар или му откажало срцето.
Медиумите пишуваат дека момчето било здраво, никогаш не пиело лекови, но на топлото време играло кошарка, возело кајак, а потоа така затоплен скокнал во морето. Сепак резултатите од обдукцијата ќе ја кажат причината за смртта.
Инаку, Милинковиќ е најголема одбојкарска легенда на Аргентина, а по потекло е Србин. Се оженил за новосаѓанка со која го добил синот Лука.
Во текот на кариерата играл за некои од најголемите светски клубови како Сисли од Тревизо, каде му бил соиграч на Никола Грбиќ. Им беше еден од најдобрите пријатели на браќата Грбиќ.
Шест години е биран за најдобар одбојкар на Аргентина, а три пати учестувал на Олимписките игри.
Лука и сам тргнал по стапките на татко му. Бил член на Одбојкарскиот клуб Војводина, а играл на местото примач.Момчето било на летување со мајката и сестрата. Кобниот ден од другарите заминал надвор, а на мајка му околу 18 часот и кажал дека ќе оди со нив на

Пронајдете не на следниве мрежи: