Детето ви е геј? Еве како да го препознаете и како да се справите со тоа!

Не грижете се.На некои родители можеби им е симпатичен феминизираниот другар(ка) на ќерка им, но, како би се справиле со фактот дека вашето дете има склоност кон истиот пол? Ниеден родител не сака ни да размислува за тоа, но знаците можат да се забележат уште во предшколската возраст, па затоа добро отворете ги очите.
Мала е листата на работи што можат родителот да го погодат повеќе од сознанието дека неговото дете е хомосексуално. Иако денес сите се обидуваат да бидат либерални и толерантни, никој не сака да живее во една од оние американски серии во која секој втор лик е геј. Но, постои можност вашиот пресладок четиригодишник да не ја испушта од раце барбиката на сестра му.
Како да се препознае хомосексуално дете од што порана возраст?
Ова е една од најголемите грижи на секој родител, но можете да здивнете. Повременото играње со кукли, преземањето женски улоги (мајка, баба) при игрите, па дури и благата феминизиранот при танцувањето на песните од Лејди Гага не значат ништо.
Но, никако не смеат да се игнорираат изјавите како: „Мамо, зошто не сум девојче?“ (и секако обратно), па колку и да звучат застрашувачки. Имате и причина за грижи ако вашиот син секогаш игра ластик со девојчињата наместо фудбал со момчињата, или ако повеќе се радува на подарокот за Нова Година што го добила сестра му, отколку на својот. Ако ве гледа додека се шминкате и ви помага да ги избирате нијансите при облекувањето наместо да му помага на таткото додека ја мие колата…Ако воопшто не се пронајдовте во овие по малку карикирани примери, можете мирно да спиете.
Како да се соочите со тој проблем ако навистина го воочите?

Најтешко нешто за секој родител е да се соочи со фактот дека детето му е геј. Воопшто не е лесно соочувањето со фактот дека нема да добиете внуци, а маката не ја олеснуваат коментарите на пријателите и кривите погледи на соседите. А сепак, неговата среќа во голема мера зависи од вашата реакција и од начинот на кој ќе се справите со тоа, бидејќи големи се шансите вашиот однос засекогаш да биде уништен. Колку и да е тешко за еден родител ваквото сознание, кога-тогаш ќе мора да го прифати фактот и да го сака детето такво какво што е.
Постојат бројни теории за потеклото на сексуалната ориентација. Мнозинството научници денес се сложни дека таа е резултат на комплексна интеракција на когнитивни и биолошки фактори, но најмногу на влијанието на околината. Кај повеќето луѓе, сексуалната ориентација е одредена уште во раното детство. Неодамна се појавија докази кои упатуваат на тоа дека хормоните ираат голема улога во сексуалноста.На некои родители можеби им е симпатичен феминизираниот другар(ка) на ќерка им, но, како би се справиле со фактот дека вашето дете има склоност кон

Пронајдете не на следниве мрежи: