Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби 10 најсовремени прочистувачи на воздух што ги обезбеди граѓанското здружение „Ротари клуб Скопје – Интернационал“. Видот и бројот на набавените апарати е утврден од страна на болницата, водејќи сметка пред сѐ да се овозможи прочистување на воздухот во просториите каде престојуваат пациентите. – Ваквите вложувања нѝ помагаат да го достигнеме посакуваното ниво на услови за престој на децата – пациенти во нашата здравствена установа. Оваа донација доаѓа во вистинско време, кога нивото на загадување на водухот е високо, што ѝ дава специфична тежина и значење. Поради тоа сите ние сме особено благодарни, изјави директорот на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, д-р Ангелчо Андоновски, при примопредавањето на апаратите.
Оваа донацијата има двојно значење. Основната цел е да се создадат подобри услови за пациентите, но истовремено и да се испрати порака дека неопходно е да се најде долгорочно, системско решение за елиминирање на загадувањето на воздухот во целата земја, во кое сите треба да дадеме сопствен придонес.
Средствата за набавка на апаратите за прочистување на воздухот се обезбедени преку лични донации од членовите на клубот.
– Определбата на членовите на нашето здружение да донираат средства за потребите на заедницата е искрена и долгорочна. Особено сме среќни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на најмладите, изјави проф. д-р Неда Здравева, претседателка на Ротари Клуб Скопје – Интернационал.
ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле е единствена јавна болничка установа во земјава, специјализирана за лекување на деца од 0 – 16 години и може да згрижи околу 100 пациенти.
Ротари Интернационал е глобална мрежа на поединици кои се здружуваат за да иницираат позитивни придвижувања во заедниците каде живеаат и работат. Ротари клуб Скопје – Интернационал е еден од клубовите на оваа глобална мрежа кои активно работат во Македонија.- Ваквите вложувања нѝ помагаат да го достигнеме посакуваното ниво на услови за престој на децата – пациенти во нашата здравствена устано