Детската болница – Козле годинава со зголемен буџет

Набавка на најсовремени ортопедски помагала за примање терапија кај децата со цистична фиброза, како и нови неонатални скринизи за скриени болести кај бебињата, договорија директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, кои денеска ја посетија Детската болница Козле.
 По средбата со директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски, економскиот директор Ријад Алими и менаџерскиот тим на таа јавна здравствена установа, Стефаноски изјави Детската болница Козле годинава ќе располага со буџет во висина од 126 милиони денари, кој е зголемен од 10 милиони денари споредено со 2016 година.
Со новиот буџет, посочи, тие скрининзи ќе ги овозможиме и многу побрзо и поефикасно ќе бидат дијагностицирани и детектирани сите деца кои потенцијално може да се разболат од цистична фиброза.
– Средствата ќе бидат искористени за унапредување на здравствените услуги во оваа здравствена установа и подигнување на нивниот квалитет, како и воведување нови методи и услуги за најранливите категории граѓани во Македонија, рече Стефаноски.
Потенција дека во текот на минатата година со директорот Рамадани, оствариле контакт со Здружението за цистична фиброза и ги утврдиле потребите кои ги има Здружението и нивните штитеници при третман на болеста.
– Минатата година дадовме збор, а оваа година ќе го реализираме дадениот збор и тоа преку условен буџет и преку Детската болнца Козле ќе набавиме најсовремени специјализирани помагала за примање на терапијата за заболените од цистична фиброза. Тоа ќе биде огромен чекор напред во делот на осовременување во пристапот на лекување на заболените, истакна Стефаноски.
Според него, Детската болнца Козле е еден од најдобрите капитални објекти изградени минатата година во здравствениот сектор во Република Македонија, со што значително се подобрени условите за третман и лекување на децата од целата држава, како и за работа на персоналот во болницата.
– Над осум милиони евра Владата преку Министерството за здравство инвестираше во овој капитален објект кој пружа најсовремена здравствена заштита, додаде Стефаноски.
Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани ја нагласи можноста децата со цистична фиброза да имаат подобри услови за лекување.
Директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски истакна дека таа јавна здравствена установа ги исполнува сите европски стандарди што било потврдено и на последната конференција за цистична фиброза, кога во посета им бил директорот за Кралската болница од Лондон, кој бил пријатно изненаден од условите, тераписките протоколи и се она што го нуди таа јавна здравствена установа.
– Ова претставува дополнителен поттик за нас бидејќи ќе можеме конечно да имаме нова софистицирана алатка за рана детекција на болните од цистична фиброза, а тоа ќе значи заштедување на пари, помалку хоспитализации…, додаде Зафировски.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека грипот денеска го достигнува пикот и споредено со минатата година имаат зголемен број на хоспитални деца, чиј број изнесува над 95 кои се лекуваат со компликации, а амбулантски се прегледани 100 деца.
– Оваа година има многу тешка клиничка слика и ние лекуваме компликации како што се пневмонии, бронхопневмонии…Очекуваме дека постепено ќе се намали грипот. Намалување на температурите кои ќе бидат минус 15, 20 степени ќе доведе бројот на заболени од грип да се намали, додаде Зафировски.По средбата со директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски, економскиот директор Ријад Алими и менаџерскиот тим на таа ј

Пронајдете не на следниве мрежи: