Најголемата германска банка Deutsche Bank објави во средата дека отписите и судските трошоци потешко ги погодиле нејзините деловни резултати во 2012 година отколку што се очекува, поради што е принудена да ги корегира резултатите од минатогодишното работење.„По објавата на прелиминарните, неревидирани резултати за 2012 година, последниот ден од јануари се случија нови работи поврзани со конкретни постоечки правни прашања“, соопшти Deutsche Bank.Врз основа на тие случувања банката ги зголеми резервациите за судски спорови за 600 милиони евра, на 2,4 милијарди евра. Со тоа и се намалува претходно објавената добивка пред оданочување за 600 милиони евра, а нето добивката за 400 милиони евра.Deutsche Bank се наоѓа под истрага поради обвиненијата дека одделни нејзини вработени учествувале во договарање на каматните стапки либор и еурибор. Покрај тоа, еден од помошниците на извршниот директор спаѓа меѓу високо рангираните менаџери обвинети за затајување на данок во трговијата со правата на емисија за јаглен диоксид.Коригираната нето добивката на Deutsche Bank на крајот на 2012 година сега изнесува 291 милиони евра, во споредба со 4,326 милијарди колку изнесуваше во 2011 година.
МакфаксНајголемата германска банка Deutsche Bank објави во средата дека отписите и судските трошоци потешко ги погодиле нејзи