Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарејќи на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето старо еден ден, додека нејзината мајка спиела.
Но, братчето на бебето ја забележало кражбата и се упатило по неименуваната жена. Кога ја стигнало, детето и се обратило на жената, по што таа му го вратила девојчето, се наведува во полициското соопштение.
Полицискиот потпарол Улф Вундрак изјави дека момчето „многу помогнало“ во враќањето на киднапираното бебе.Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето старо еден ден, додека нејзината мајка спиела.