Деветгодишно момче го собори рекордот во пливање од Сан Франциско до Алкатраз!

Деветгодишно момче од Калифорнија се осмели да се фати во костец силните морски струи и ладната вода со една цел: да го преплива растојанието од Сан Франциско до островот Алкатраз и обратно.Американскиот телевизиски канал KSEE-TV во Њујорк, објави дека ова е најмладиот пливач кој успеал некогаш да се соочи со слична задача.
Новинарите велат дека со завршувањето на подвигот, детето од Лос Банос го сруши досегашниот рекорд поставен од 10-годишно момче минатата година.
Малиот херој Џејмс Севиџ, вели дека брановите во заливот на Сан Франциско постојано го плискале во лицето и малку му фалело за да се откаже од иницијативата.
Џејмс бил придружуван од својата мајка и тренер, кои цело време веслале со кајаци до него.
Татко му вели дека првично му понудил 100 долари на својот син како награда за настојувањето, но откако Џејми се двоумел, ја зголемил наградата на 200 долари.
На крајот, Џејмс прифатил предизвикот и го препливал растојанието до поранешниот затвор Алкатраз и назад за малку повеќе од два часа. Островот се наоѓа на околу 2.5 километри од копното, објави Yahoo News.Американскиот телевизиски канал KSEE-TV во Њујорк, објави дека ова е најм

Пронајдете не на следниве мрежи: