ДЕВОЈЧЕ ЕДВАЈ ОСТАНАЛО ЖИВО: Била во смртна опасност затоа што родителите ѝ дале Ибупрофен!

Веднаш по советите на домашниот лекар, родителите на девојчето му дале Ибупрофен, по кој веднаш почнале да ѝ се појавуваат пликови по лицето!Откако веќе десет дена е на интензивна нега, лекарите велат дека е чудо што е жива, но дека се плашат дека видот би можел да ѝ биде оштетен.
„На никого не би му посакал вакво нешто. Самата помисла дека би можеле да ја изгубиме е неподнослива“, вели нејзиниот татко Мет (37).
Маките на малечката Мејси Марш, започнале веднаш откако нејзините родители ја одвеле кај лекарот, бидејќи имала осип и потечени очи.
Лекарот ги уверил родителите дека детето ќе биде добро по земањето на Ибупрофенот. На девјчето ѝ бил даден лекот и беше однесена да спие, но кога мајка ѝ подоцна дошла во собата да ја провери, видела дека состојбата ѝ се влошила.

Веднаш ја однеле во болница, каде што на девојчето му било дијагностицирано дека има шарлах и ѝ дале пеницилин.
Пликовите ѝ пукаа, а Мејси трпеше силни болки.
„Го допревме дното. Лекарите ни објаснија дека нејзините рожници се можеби оштетени до тој степен, што веќе никогаш нема да прогледа“, рече мајката која додаде дека потоа на девојчето му било дијагностициран Стивенс-Џонсонов синдром.
По цели девет дена, девојчето ги отвори очињата. Сега родителите се подготвуваат да го тужат лекарот.
Стивенс-Џонсовиот синдром е болест на кожата која се одликува со температура, ерозија во устата, тежок конјуктивитис и кожни промени по целото тело. Промените почнуваат на лицето и трупот, имаат неправилен обик и понекогаш се јавуваат меурчиња и лупење на кожата.Откако веќе десет дена е на интензивна нега, лекарите велат дека е чудо што е жива, но дека се плашат дека видот би можел да ѝ биде оштетен.

Пронајдете не на следниве мрежи: