Медисон Кое (14) од Ловингстон, починала откако го користела мобилен телефон во када по што ја удрила струја. Полицијата ја објавила нејзината последна фотографија како предупредување за останатите.Всушност, Медисон пратила фотографија на другарка од нејзиниот телефон приклучен на продолжен кабел само неколку секунди пред да почине од струен удар.
– Кога користите продолжен кабел за да можете да го користите својот телефон додека се бањате – напишала Медисон покрај фотографијата.
Иако според првичните информации според кои тинејџерката починала откако телефонот и паднал во кадата, откриено е дека телефонот сепак не бил главниот виновник. Наместо тоа, полицијата верува дека до трагедијата дошло откако Медисон го приклучила телефонот на продолжен кабел или додека го држела телефонот во кадата додека се полнел.
Нејзиното семејство се сложило во јавноста да се објави фотографијата за да се подигне свеста за опасноста од користење на електрични уреди во близина на вода, се со цел да не дојде до повторување на нејзината грешка.
Бањата е место за туширање и лично време, вашите телефони не припаѓаат таму – рекла мајката на починатата тинејџерка.
Нејзината баба открила дека Медисон имала изгореници на рацете каде го држела телефонот.
Всушност, Медисон пратила фотографија на другарка од нејзиниот телефон приклучен на продолжен кабел само неколку секунди пред да почине од струен у