Девојче се разбудило од кома: Се сеќавам на крикот, болката а потоа само мрак…

Се сеќавам дека сите врескаа, плачеа, и потоа мрак три недели“, вели за српски Блиц  Mилица Спириќ(17), која на 12 јануари во Сурчин ја удрил возач со „сеат“ и побегнал.Се сеќава и на силната болка, дека летнала во воздух, дека и пукнала ногата и потоа на будењето во болница.
„Немам што да му кажам на тој човек, само дека требало да внимава како вози. Не е можно да не не видел, бевме шестмина“, вели Милица, која неодамна била пуштена од болница на домашно лекување.
Кобниот 12 јануари со пријателите заминала да се договорат за дочек на стара нова година. Потоа заминале дома и одеднаш слушнале возило кое им се приближувало од зад грб, и удар. Во налетот на група деца, најтешко била повредена Милица која 21 ден била во кома. Повредена била и нејзината пријателка Сара Марјановиќ(17), која се здобила со повреда на опашката на рбетот, скршеница на раката и хематоми по лицето. Милица ја изгубила свеста по падот во тревникот. Без свест била и кога ја однеле во болница, каде докторите наредните седум дена ја држеле во вештачка кома.
Но, ни по седум дена Милица не се разбудила. Во несреќата доживеала потрес и нагмечување на мозокот, черепот и напукнал, имала повреди на абдоменот, белите дробови, пукнатина на десната нога.
„Дури сега кога Милица е добро, докторите ни кажаа дека ни тие не знаеле кога ќе излезе од кома“, вели мајката на Милица.

Таткото Зоран вели дека цело време биле покрај нејзе, во страшно и неизвесно исчекување… два дена по несреќата, полицијата го уапсила мештанинот Данило В. (57), осомничен дека ги удрил девојчињата. Сеатот со кој ги удрил децата е најден кај неговиот кум во гаражата. Одреден му е притвор, кој повторно е продолжен за месец дена. Се бранел дека не ги видел децата
„Доаѓаа кај нас неговиот син и браќата. Што да кажат. Тонат во земја од срам. Ги посрамил и нив“, вели Зоран.
Ќе го славам роденденот со Сара
Пријателката на Милица, Сара Марјановиќ која исто така е повредена во несреќата закрепнува од повредите и продолжила со училиштето.
„Сара е сега на пракса, па не може да дојде кај мене, но ќе дојде, а правиме планови и за моето полнолетство на 7-ми јули. До тогаш се ќе биде во ред.
Почнав да се будам на 21-от ден. Прво ги мрднав рацете. Ме будеа. Сега одам на физикална терапија, а потоа на бања“, вели Милица.
Во средното медицинско училиште ќе тргне дури за два месеци.
„Јас сакав веднаш, но докторите велат дека не можам се уште, а ни мајка ми не би ми дозволила“, вели Милица, која од несреќата ослабнала 15 килограми и сега закрепнува во кујната на мама.Се сеќава и на силната болка, дека летнала во воздух, дека и пукнала ногата и потоа на будењето во болница.
„Немам што да му кажам на

Пронајдете не на следниве мрежи: