Двегодишно девојче е најмладото човечко суштество кое е криогенички замрзнато во надеж дека еден ден ќе биде оживеана, пренесува news.com.au.Одлуката за замрзнување дошла откако двегодишната Материн Ноаваратпонг била исклучена од апарати за одржување во живот на кои завршила поради терминална фаза на рак на мозок.
Девојчето имала рак на мозокот, а откако била донесена во болница во Банкок паднала во кома и не се разбудила. Лекарите откриле дека во мозокот има тумор на мозок со големина од единаесет сантиметри.
Во текот на месеците кои следувале врз девојчето се извршени низа операции во кои ѝ е отстранет 80 отсто од левата страна на мозокот. Иако презеле сѐ што е во нивна моќ, ракот се проширил на целиот мозок.
„Сфативме дека дојде крајот. Си игравме со неа и ја држевме за раце пред да ја исклучиме од апаратите“ вели таткото.
Пред да ја донесе одлуката, семејството контактирало со Alcor Life Extension Foundation, една од најголемите организации во светот која која овозможува крио-замрзнување.
Лекарите од оваа организација го замрзнале телото на температура од минус 196 степени Целзиусови, а девојчето ќе остане во таа состојба додека не се открие лек и медицинска техника за нејзино целосно закрепнување.
„Иако било многу напорно да се испланира сето тоа, задоволни се од сработеотно. Нејзиното тело сега е на чување во Аризона и само чекаме да биде измислена нова техонологија“ – заклучил таткото на девојчето.Одлуката за замрзнување дошла откако двегодишната Материн Ноаваратпонг била исклучена од апарати за одржување во живот на кои завршила поради терми