Таа има 11 години и пред година дена им признала на родителите дека се чуствува како да живее во погрешно тело и дека сака да го промени полот. Својата приказна ја споделила со останатите за да им помогне на другите кои се наоѓаат во слична ситуација, бидејќи како што изјавила, овој проблем може да биде толку тежок што смртта ѝ изгледа како најдобро решение.Изабел е родена како момче, Кембел, и непосредно перед да наполни 10 години им открила на родителите како навистина се чувствува.
За нејзе е снимен и документарен филм во продукција на телевизиската куќа „АВС“.
„Доколку не бидеш она што навистина си, цел живот ќе се чувствуваш ужасно“, порачала Изабел.
Родителите на ова девојче, Наоми и Ендру, ја поддржуваат својата ќерка.
„Со месеци ми зборуваше дека се чувствува чудно, дека не ѝ е добро. Потоа ми рече дека не го сака своето тело. Ја прашав зошто мисли така, а таа ми одговори: ‘Се чувствувам како девојче, како да живеам во погрешно тело’“, раскажува мајката Наоми.
И таткото Ендру има разбирање за својата ќерка
„Ми беа потребни три, четири недели за да го сфатам тоа, но видов колку и е тешко, доаѓаше дома очајна и ми велеше дека сака да умре“, вели тој.
И наоми и Ендру ја поддржуваат својата ќерка во одлуката да го промени полот. Изабел е едно од многубројните деца во Австралија кои се соочуваат со ваков проблем.
Доколку не почнат со промена на поло, 30 пеоценти од нив се обидуваат да се самоубијат, а дури 50 проценти не некој начин се повредуваат себеси.
Доктор Мишел Телфер, педијатар и директор на клиниката за лечење на адолесценти изјавил улогата на родителите во борбата која ја водат овие деца е клучна.
Децата за време на промените поминуваат низ две фази, првата е одреден вид на преусмерување на пубертетот за да не дојде до клучни физички промени, а другата се состои од хормонски терапии.
Изабел е родена како момче, Кембел, и непосредно перед да наполни 10 години им открила на родителите како навистина се чувствува.
За



