недела, 15 ноември 2026
Најново

Девојчињата ја малтретирале во училиште: Нема да верувате што решило да направи ова 14 годишно девојче!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една 14 годишна тинејџерка реагирала на малтретирањето од страна на своите врсници во училиштето така што се повлекла во свој свет посветувајќи се на правењето необични маски од шминка.Eve Hirst, девојчето од Јужен Јоркшир во Англија трпела малтретирање од страна на своите врсници поради својата дебелина. Тие ја нарекувале „Дебелата Ив“ или „Големата Ив“.
Нејзината мајка раскажува дека децата секој ден ја расплакувале нејзината ќерка.
Емоционално погодено, девојчето  го започнало својот проект под името „ Eve’s Fakeup“ (во превод би дошло нешто како лажниот мејкап на Ив), а на Фејсбук страната на тој проект напишала дека е самоук мејкап уметник и дека ужива да ја искажува својата личност низ различни маски.
Ликовите се различни- од принцеза до зомби, а девојчето кажува дека се одлучила да тргне по паттот на уметноста за да се усреќи себеси.

Измеѓу останатото, Ив ја искористила шминката за да направи лажни белези на своето лице а тоа е една од многуте изработки кои ги објавила на својата Фејсбук страница.
„Ми беше потребен начин на кој ќе ги искажам своите чувства. Така одам во својата соба и се претворам во некој лик за да ја исфрлам вознемиреноста од себе. Уживам да бидам некој друг, бидејќи тогаш барем на кратко не морам да се носам со секојдневните проблеми. Кога ставам шминка на себе тоа веќе не сум јас…Личноста која станува не е малтретирана, туку е среќна и се забавува“- раскажува Ив за „ The Mirror.“Eve Hirst, девојчето од Јужен Јоркшир во Англија трпела малтретирање од страна на своите врсници поради својата дебелина. Тие ја нарекувале „

Поврзани вести