Девојка ги усвоила овие пет навики на богаташите

Младата претприемачка долго време ги проучувала навиките на богатите луѓе и заклучила дека сите имаат нешто заедничко.Успешните луѓе се успешни благодарение на одредени фактори односно навики кои ги разликуваат од останатите. Младата претприемачка Ерин Хенри (27) води интернет компанија и за само 10 месеци таа заработила неверојатни 100 илјади долари. 
Во текот на тоа време, оваа деловна советничка ги проучувала навиките на богатите и успешните луѓе и воочила дека многу од нив имаат нешто заедничко. Еве кои се нивните заеднички навики:
Одвојте 30 минути секој ден за учење
Ова е една од најважните навики кои треба да ги усвои секој оној кој сака да напредува. Тоа најдобро ќе го постигнете доколку читате, но постојат и други начиини за учење – извори, видеа на YouTube, документарни филмови и аудио книги. Милионерите постојано се трудат да се образуваат и да ги прошират своите знаења, посебно во своето специфично подрачје.
Одржувајте познанства
Независно од тоа со каква работа се занимавате, Хенри вели дека другите луѓе кои ги имаат истите интереси како вас можат да ви помогнат да напредувате. Опкружете се со успешни луѓе кои можат позитивно да влијаат врз вас. Поврзете се со луѓе преку социјалните мрежи, посетувајте настани кои се однесуваат на вашата работа и создавајте нови пријателства.
Станувајте рано наутро
Заедничка работа на многу претприемачи и успешни луѓе е тоа што тие навистина го ценат првиот дел од денот. Во когнитивна смисла, многу повеќе сме сконцентрирани и продуктивни наутро, а токму затоа експертите препорачуваат да станувате рано. Дури ни слободните денови не треба да бидат исклучок – со раното станување ќе постигнете многу повеќе работи во текот на денот.
Не купувајте работи кои не ви требаат
Милионерите не ги трошат своите пари, тие ги вложуваат. Секако можете да ги забележите во скапи автомобили, но тоа се само инвестиции за квалитетен живот.
“Она што го забележав е дека успешните луѓе не трошат пари на работи кои не им требаат. Тие се внимателни и знаат дека секое купување треба да го подобри нивниот квалитет на живот. Објективно гледајте на што ги трошите вашите пари”, вели Хенри.
Имајте повеќе извори на заработка
Успешните претприемачи во глобала имаат повеќе извори од кои заработуваат. Доколку сте амбициозни и планирате да водите повеќе работи одеднаш, клучно е да изградите сопствен бизнис модел. Не се концентрирајте само на една работа туку смислете дополнителни начини преку кои би можеле да заработувате. Не отфрлајте ниту една можност која е остварлива, пишува “Daily Mail”.
 Успешните луѓе се успешни благодарение на одредени фактори односно навики кои ги разликуваат од останатите. Младата претприемачка Ерин Хенри

Пронајдете не на следниве мрежи: