Статусот на една Србинка е посветен на дијаспората во кој се пронаоѓаат многумина луѓе од Балканот.Ви го пренесуваме статусот во целост:
„Мислам дека имам право да зборувам на оваа тема, бидејќи сум опкружена со такви луѓе. Повеќето мои роднини живеат во Франција и во Швајцарија и секоја година морам да го трпам нивното кукање, жалење и претенциозност.
Кога ќе дојдат во јули и август, моето место се полни со луѓе кои со децении живеат преку граници. Улиците се заземени од бесни лимузини, а ние „сељаците“ паѓаме во втор план, а низ населбата се слуша странски, најчесто француски јазик.
Тоа отсекогаш сум го мразела кај нив! Како дете сакав да се дружам со нив, да играме кошарка или одбојка во училишниот двор или да возиме велосипеди по село, но секогаш се чувствував како странец и гледав како теле во шарена врата додека оние меѓусебно зборуваат на, за мене, непознат јазик.
Секогаш мислев дека ме оговараат. Реално, се гледавме еднаш годишно и со нив навистина немав заеднички теми за разговор. Секоја година ќе дојдеа со различен автомобил, на себе ќе имаа само брендирана облека, најнови патики и мобилни телефони.
На километар можете да познаете дека се работи за гастарбајтери. Како што веќе напоменав, повеќето мои роднини живеат во некоја од земјите на Западот. Признавам, секогаш се јавуват кога ќе дојдат на годишен одмор, после некое летување на егзотична дестинација.
Да, тие секогаш имаат пари за летувања, зимувања, бесни возила, фирмирана гардероба. Иако таму „многу тешко се живее“ (од ова секогаш ми се крева косата на главата), „тешко се наоѓа работа“ и „ни завидуваат нас во Србија што уживаме, можеме да излегуваме, да пиеме кафе кога ќе посакаме“. Ма, немој!!
Зошто тогаш останавте таму? Зошто не се вратите во својата земја?! Вистината е дека не излегуваме така често како што мислите вие, не висиме по кафулиња, сплавови, не пиеме кафе по цел ден…бидејќи, просто, немаме пари!
Секако дека нема да се одречете од сигурниот живот, плата на крајот на месецот, патувања и сѐ она што ние во Србија го немам. Одеме и ние на море, далеку од тоа, но бираме термини вон сезона, најевтини аранжмани и смешен смештај. Ама, ни на море не можеме да се опуштиме, бидејќи знаеме дека нема да имаме пари да живееме кога ќе се вратиме во реалноста.
Ако мислите дека за нас е уживање тоа што сме завршиле факултет, а немаме работа, тоа што прифаќаме било какви работи бидејќи ни требаат пари за сметки, за да купиме јакни и чизми за децата, тоа што работиме за 200 евра, што купуваме по пола леб, тогаш добро – ние најмногу уживаме!
Бидејќи, ова е вистинската слика на животот, поточно – на преживувањето во Србија, затоа престанете со кукање, бидејќи да ви беше полошо, одамна ќе се вратевте.
Мислите дека ние не сакаме егзотични дестинации, скапи работи и добар автомобил? Но, за нив можеме само да мечтаеме. Или да ве гледаме како уживате во нив и ја трошите „тешко заработената плата“.
Затоа, ве молам само да престаните да кукате и да ни „завидувате“, од тоа ни е многу полошо!“Ви го пренесуваме статусот во целост:
„Мислам дека имам право да зборувам на оваа тема, бидејќи сум опкружена со такви луѓе. Повеќето