Рака-Сирија: Една млада девојка била каменувана до смрт од страна на сунитските-милитантни групи во Сирија заради тоа што имала Фејсбук профил. Фатоум Ал-Жасем била однесена во шеријатскиот суд откако била фатена како ја користи социјалната мрежа. Од шеријатскиот суд изјавиле дека со помош на Фејсбук таа вршела прељуба и девојката треба да биде казнета со каменување, според вестите од извештајот објавен во иранската новинската агенција „Фарс“ која го цитира извештајот објавен на арапски јазик Ал-рај Ал-Јоум.
Членовите на групата на Ал-Каеда во Ирак, исто така познати како Исламска држава на Ирак и Сирија (ISIS) стојат зад инцидентот.
ИСИС, или Исламска држава Ирак и Сирија, е тврдокорна исламски група со седиште во Ирак. Тие се борат во активна војна против сирискиот претседател Башар ал-Асад во Сирија и владините сили во Ирак.
Идеологијата на групата е заснована на исклучително строга интерпретација на исламот.
Иронично, Ал-Нусра фронтот има сопствен активен Фејсбук профил.Фатоум Ал-Жасем била однесена во шеријатскиот суд откако била фатена како ја користи социјалната мрежа. Од шеријатскиот суд изјавиле дека со помош