Една девојка го копирала самоубиството на нејзиното момче – само неколку седмици откако тој се фрлил под воз. Беки Тејт (20), застанала пред локомотива откако не можела да се помири со смртта на нејзиното момче Фил Џејмс (19).Фил почина два дена откако го удри воз во Стафордшир, Велика Британија. Нивните родители откриваат дека тие биле заедно само неколку месеци, но дека биле многу вљубени еден во друг.
Нејзините родители изјавија дека таа не можела да се носи со загубата на нејзината сродна душа. Стотина луѓе, членови на семејството и пријателите, плачеа кога ѝ се оддаваше последната почест на Беки.
– Беки ќе им недостига на многу луѓе. За жал, таа си го одзема животот. Би сакале да им се заблагодариме на сите за утешните зборови и поддршката, како и на цвеќето – изјави нејзиното семејство.
Повеќе од 370 пријатели се приклучиле на Фејсбук страницата која е направена како спомен на Беки.
„Беше неверојатна, симпатична, духовита, брилијантна и забавна личност. Беше вистинска чест што те познавав. Моето семејство навистина те сакаше. Ти ме правеше среќен и те сакам повеќе отколку што можам да опишам. Знам дека долго се бореше и се надевам дека конечно го пронајде својот мир. Ќе те чувам во срцето. Твој Том“, напишал нејзиниот пријател Том Арнолд.
– Беки беше девојка на момче кое неодамна го удри воз. Не ги познавав лично, но мислам дека е многу тажно кога некој ќе се одлучи за таков чекор. Самоубиството е ужасен чин. Никој не знае што им се мота во главата на луѓето кога одлучуваат да си го одземат животот. Семејството остана со скршено срце – рече градоначалникот на градот.Фил почина два дена откако го удри воз во Стафордшир, Велика Британија. Нивните родители откриваат дека тие биле заедно само неколку месеци, но дек



