Момче од Кина преку ноќ станал еден од најголемите херои во земјата бидејќи фатил жена која паѓала од 11 спрат од зграда, иако знаел дека тоа би можело да го чини живот.Пред зградата во кинеската провинција Хубеи, Фенг Нинг трчал лево-десно и постојано гледал нагоре. Неколку моменти подоцна, директно во неговите раце паднала жена. Поради јачината на ударот Фенг паднал на земја.
Тој изјавил дека откако излегол од ресторанот, слушнал дека некој плаче и бара помош од блиската станбена зграда. Потоа ја видел жената која висела од прозорецот на 11-от кат.
Еден од сведоците на настанот, изјавил дека се слушнало врескање и силен удар. Потоа го здголедале младиот човек кој се потел и врескал од болка. Тој бил префрлен во болница, а жената за жал не преживеала.
Младиот Фенг изјавил дека во тој момент не помислил дека си го загрозува сопствениот живот, само сакал да ја спаси жената.
-Не ми е жал. Штета што не успеав да ја спасам жената, рекол храбриот Фенг Нинг.
Пред зградата во кинеската провинција Хубеи, Фенг Нинг трчал лево-десно и постојано гледал нагоре. Неколку моменти подоцна, директно во неговите ра



