ДЕВОЈКА СЕ ОБЕСИЛА само неколку часа по свадбата на својата сестра

Девојката се обесила само неколку часа по свадбата на својата сестра на која била деверуша. Rebecca Darnell, која пријателите и нејзиното семејство ја нарекувале Boo, за време на самоубиството, сеуште го носела фустанот од свадбата.Истата вечер, за време на свадбата, била најрасположена на свадбата на нејзината сестра Joanna. 30 годишната ја поминала ноќта во добро расположение, помагала околу организацијата за свадбата, ги водела пријателите и семејството на подиумот за танцување.
 „Беше душата на забавата, секого го повикуваше на танцување. Сакаше сите да се забавуваат“- изјавил нејзиниот татко David.
 Нејзината тетка Jacqueline Nash, изјавува дека Rebecca била среќна личност која неодамна организирала и моминска вечер за нејзината сестра.
„Секогаш беше забавна. Уживаше во животот и сите сакаа да ја познаваат“.
 Но, само неколку часа после венчавката, партнерот на Rebecca, Carlo Salamone, ја пронашол својата вереница обесена во нивната куќа во Addleston.
 Rebecca и Carlo се скарале во такси кога се враќале од свадбата, па поради тоа тој заспал на каучот кога пристигнале дома. Но, кога се разбудил, приметил дека Rebecca ја нема во нивната спална соба. На другиот спрат ја видел Rebecca обесена.

 Carlo повикал брза помош, додека чекал се обидел со техниката за оживување. Но, девојката не можеле да ја спасат. Carlo кажал дека Rebecca била многу среќна на денот на венчавката на својата сестра и си дозволила да се напие малку повеќе вотка со кока-кола. Таксистот кои ги пренесувал до дома, изјавил дека парот се карал во текот на возењето. Carlo објаснил дека кога ќе се напијат алкохол се карале, а тоа било од прилика еднаш месечно.
 – „Таа ми беше животна партнерка. Таа вечер на свадбата разговарав со сопругот на Joanna, и се допговоривме следното лето во Дубаи, каде они живеат, да ја запросам Rebecca. Сакав остатокот од својот живот да го поминам со неа“.
 На 25 години, на Rebecca и бил дијагностициран дијабетис од типот 1, поради кој морала да користи инсулин со кој би го регулирала нивото на шеќер во нејзината крв. Поради лековите станувала подебела, па поради тоа била видно вознемирена. Имала преживеано и тежок хипогликемичен напад, од кој била во кома која траела 4 дена, а подоцна имала и проблеми со памтењето.
 Патологот заклучил дека Rebecca умрела од последица од самоповредување, но нејзината намера не била јасна бидејќи не оставила никаква проштална порака, а сепак имала планови со нејзиното семејство за наредните денови.Истата вечер, за време на свадбата, била најрасположена на свадбата на нејзината сестра Joanna. 30 годишната ја поминала ноќта во добро расположени

Пронајдете не на следниве мрежи: