Поради изразениот синдром на полицистични јајници, на Харнаам Каур ѝ расте густа брада уште кога имала 11 години, а по очајот и размислувањето да изврши самоубиство, таа решила да се прифати себеси таква, каква што е.Харнаам Каур има дури 24 години, но веќе од мали нозе мора да се соочува со зјапање, стигма и навреди. На почетокот го криела лицето со раце кога зборувала со некого, ги депилирала влакната со восок што бил болен процес за неа, а потоа се бричела и употребувала разни креми за депилација. Тоа го правела секој ден, па дури и ги избелувала влакната – но, без резултати.
Се сечела во депресивната фаза, размислувала да изврши самоубиство и се изолирала од светот, но на 16 години се прифатила себеси. Тогаш се крстила како Сикх, во чија вера е забрането сечењето или отстранувањето на влакна од телото.
Благодарение на нејзината моќна порака и поттикот сите да се прифатат себеси онакви, какви што се бидејќи секогаш ќе налетуваат на луѓе на чии стандарди не им одговараат, таа се вклучила во рекламната кампања LetterToLittleMe.
Нејзиното писмо е наменето за оние кои ги мачат нивните недостатоци и комплекси…
„Драга малечка јас, не зборував долго време со тебе. Ти се обраќа твојата постара верзија и се надевам дека си добро. Можам да ги видам сите битки кои те очекуваат. Можам да забележам во твоите очи дека се чувствуваш како никаде да не припаѓаш. Чувствувам во твојата душа дека се мачиш и дека ти е потребно некој да те води. Бегаш од погледите на луѓето, трепериш по случаен допир на странец и го влечеш своето безживотно тело каде и да одиш.
Имаш срце од злато и еден ден ќе инспирираш многумина. Зарем не го гледаш тоа? Дали можеш да видиш колку си убава и прекрасна? Немаш поим колку луѓе ќе инспирираш да се сакаат себеси, со сета сила. Чувствувам дека еден ден светот ќе ја слушне твојата приказна. Те советувам длабоко во себе да пронајдеш сила за живот и гордост. Мора погласно да зборуваш, повисоко да ја кренеш главата…“.
Денес Каур работи како асистент, активист е и волонтер во бројни здруженија за прифаќање на поинаквото и вели дека се прифатила себеси – па така и брадата, како дел од својата женственост и убавина, пренесе Дејли Мејл.Харнаам Каур има дури 24 години, но веќе од мали нозе мора да се соочува со зјапање, стигма и навреди. На почетокот го криела лицето со раце кога з



