Девојка загинала на својот роденден, сакала само еден круг со моторот

Вчера 20 годишна девојка од Србија загинала во тешка сообраќајна несреќа, додека 39 годишниот возач на моторот е тешко повреден.
Несреќата се случила додека двајцата се возеле со мотор „Кавасаки“, при што се судриле со „Лада самара“.
Маја била студент на Академијата за применета уметност во Белград, а во родниот Алексинац сошла за да го прослави својот роденден со друштво.
Тешко повредениот е полициски службеник кој во моментот на несреќата не билна должнотс, туку тргнал да ја повози другарката со мотор.
-На Маја и беше роденден на први мај. Во четвртокот отиде во дискотека за да го прослави роденденот со пријателите. Со неа беше и мојата сестра, околу 23 часот излегоа од дома, таму ги чекаше целото друштво. Во некое време се појавил Мирослав со моторот. Маја сакала да се повози, а мојата сестра не и дозволила. Таа инсистрирала, тетка и за запирала. Сакала само да се повози „еден круг“. И веќе не се врати, низ плач раскажува нејзината неутешна мајка Даниела, пишува Блиц.
Мајката дознала за трагедијата во 2: 30 минути.
Таа со огромна тага вели „Го нема веќе мојот уметник.“
Веднаш отидов на местото на трагедијата. Го видов моето дете како безживотно лежи на патот и еден автомобил. Полицијата не ме пушти да пријдам поблиску. Незнам како дошло до несреќата, слушнав дека возачот на автомобилот бил пијан. Го нема веќе мојот уметник. Беше одличен студент сите и беа десетки, имаше само една деветка. Дојде за да го прослави роденденот со пријателите и семејството. Зошто Бог мене не ме зема, а таа да остане да живее, кажува Даниела.
Состојбата на возачот е критична, во моментов е во болница во Ниш, каде му се укажува лекарска помош.
Извор: kurir.mkВчера 20 годишна девојка од Србија загинала во тешка сообраќајна несреќа, додека 39 годишниот возач на моторот е тешко

Пронајдете не на следниве мрежи: