Девојки, еве како да го вратите жарот во спалната соба

Сe може да биде подобро, па дури и сексот. Важно е да работите на тоа и плус да знаете… Како велат: „Со вежба до совршенство.“Лесно е да го имате најдобриот секс од вашиот живот, потребен ви е партнер и да ги следите овие упатства:
1. Немојте да глумите оргазам
Да бидеме реални – лажирањето оргазми за некои жени е сосема нормално и веќе преминато во навика. Дури 60% од жените признаваат дека барем еднаш одглумиле оргазам. Ако ова ви премине во навика, тоа може да предизвика сериозни проблеми со интимноста, пад на самодовербата, но и со самата врска. Ако не му кажете што ви годи, а што не и дека постигнувате оргазам, тој ќе мисли дека сѐ е во ред и нема ни да се потруди да ви го пружи задоволството кое го заслужувате.
2. Бидете искрени еден со друг
Секогаш бидете отворени и искрени со партнерот. Истражувањата покажуваат дека поотворените и попозитивните партнери постигнуваат поголемо сексуално задоволство. Ако партнерот постојано прави нешто што не ви се допаѓа, не молчете туку едноставно кажете му.
3. Бидете јасни и гласни
Престанете да се воздружувате. Слободно изразете се и пуштете глас. На тој начин ќе го охрабрите партнерот и ќе му дадете до знаење дека ви е убаво и дека сте многу возбудени.
4. Што повеќе, тоа подобро
Од голема важност е да се усовршувате во сексуалните авантури, а праксата е единствениот начин за тоа. Честите сексуални односи водат до подобар секс затоа што така ја зголемувате вашата самодоверба, се зближувате со партнерот и станувате посреќни и поздрави.
5. Бидете иновативни
Немојте да ја занемарите креативноста и да заборавите да испробувате нови нешта. Пробајте со секси играчки или долна облека, лубрикант, а добра идеја е и некоја нова поза или локација.
6. Следете го своето расположение
Нормално дека вашето расположение варира во текот на денот, а со тоа, варира и сексуалното расположение. Ако се чувствувате дека сакате емоционална поврзаност или пак едноставно посакувате контакт со очите, пробајте со мисионерската поза. Ако се чувствувате оптимистично и авантуристички настроени, пробајте нова поза.Лесно е да го имате најдобриот секс од вашиот живот, потребен ви е партнер и да ги следите овие упатства:
1. Немојте да глумите орг

Пронајдете не на следниве мрежи: