Чокерите не се обичен накит. Пред да ги вметнете во вашиот секојдневен стил, дознајте какво значење имаат тие низ различните историски епохи.На враќањето на чокерот малку жени останаа имуни. Многу девојки без размислување веднаш посегнаа по нив. Од друга страна, постојат и оние кои во овој тренд не гледаат ништо привлечно, па ги споредуваат со ланци кои околу вратот ги носеле робовите или околувратници за домашни миленици.
А каква всушност симболика има чокерот која во потполност се припива на вратот?
За прочуениот сликар Едуардо Мане и неговите современици тенката црна ткаенина околу вратот била ознака на жена со лесен морал. Неговата слка „Олимпија„ од 1863 претставува проститутка од повисок ранг која што го чека својот клиент. Нејзината смелост и директен,провокативен поглед ја запрепастија публиката во тој период. Олимпија со црната трака околу вратот ја навести слободата но и доминацијата над мажите.
Чокерите беа и омилен моден детал и во кралскиот свет. Тие беа заштитен знак на Ана Болен, една од најславните и највлијателната кралица на Велика Британија.
Чокерот го промовира и познатата глумица Бриџит Бардо, додека најголема популарст доживеаа во 70-тите години како дел од готик и гранџ стилот. Сепак, најважен и најславен момент на чокерите беа деведесетите години.
Како модата се врти во круг, новото раѓање на чокерите ја започнаа својата ера минатата година, кога и најпознатите модни куќи како „Шанел„ и „Ланвин„ ги вметнаа во своите колекции.На враќањето на чокерот малку жени останаа имуни. Многу девојки без размислување веднаш посегнаа по нив. Од друга страна, постојат и оние кои во ов