Повикани сте на венчавка и се радувате. Имајте на ум дека се работи за денот на невестата и младоженецот, па затоа немојте да се трудите нив да пробате да ги засените. Но немојте да се облечете и едноставно. Еве што треба да избегнувате:
1. Бел фустан
Денешните венчавки отстапуваат од традицијата, па така невестите не носат бела венчаница, ниту пак младоженците не мора да бидат во строго црно одело. Ова правило за не носење на бел фустан на нечија свадба, сигурно мислите дека е застарено и безвредно, но постојат невести кои лесно ќе се навредат ако има некој друг кој носи бел фустан. Затоа внимателно!
2. Ултракратки фустани
Ок, разбираме, сами сте и сакате да заведете некој згоден колега на младоженецот. Но со ваков фустан можете да привлечете само негативно внимание. Најдете нешто во плакарот што нема да ви лепи етикета на „лесна девојка“, и можеби од ресторанот ќе излезете како „no more single“.
3. Фустан со диви принтови
Секако, јасно ни е дека сакате да бидете приметени и да центар на вниманието, но не претерувајте, сигурно не би сакале да имате нешто на себе што очајно извикува „too much“. Не сте ниту Beyonce ниту пак J.Lo, па затоа внимателно.
4. Премногу шминка
Слободно истакнете го своето лице и убавите црти, но никако не претерувајте со шминката. Сигурно не би сакале да изгледате како „торта“ во лицето.
5. Откриен папок и длабоко деколте
Свесни сте дека на ваков настан ќе има и постари луѓе, па сигурна сум дека не сакате на младите да им го расипете денот така што нивниот најдраг вујко или дедо заврши во болница.1. Бел фустан
Денешните венчавки отстапуваат од традицијата, па така невестите не носат бела венчаница, ниту пак младоженц



