Девојки НЕ ЧЕКАЈТЕ: Направете го првиот чекор

Доколку некој ви се допаѓа, не чекајте тој да го почне првиот чекор, туку бидете малку прхрабри и вие бидете тие кој први ќе пријдете.Навистина девојки, доколку некој ви се допаѓа НЕ чекајте, туку веднаш влезете во акција и секако…освојте го! 
Но, пред да започнете со акцијата, имаме неколку совети до вас кои веруваме дека ќе ви бидат од голема корист:
Верувајте во себе
Ако вие не мислите дека може да го освоите, тогаш навистина нема да може да го освоите. Мора да верувате во тоа. Соберете храброст и само напред. Што и да биде, не е крајот на светот.
Покажете поголема самодоверба и со облеката
Речиси секоја девојка е понекогаш несигурна, баш поради изгледот. Некои се дебели, некои се анорексични, па секоја облека различно им стои.
Најголемите разочарувања и депресии се случуваат пред плакарот. Затоа, важно е каков впечаток ќе оставите пред него.
Момците сакаат да ја видат линијата на вашето тело, па избегнувајте ја широката облека. Но, не треба да изгледате ни како да одите на свадба. Едноставно, елегантно и убаво.
За почеток, кажете „Здраво“!
За тоа не треба некоја мудрост, туку само да се јавите или пријдете и да почнете разговор. Така ќе му го привлечете вниманието, а потоа тој ќе ја преземе иницијативата, ако го заинтересираш.
Дајте му комплимент
Момците не се многу различни од девојките. Секому му одговара да слушне по некој убав збор за себе. Затоа слободно пофалете го. Тоа сигурно ќе го подобри и разговорот, но и вашиот однос.

Смејте се и забавувајте се со друштвото
Ако сакате да му го привлечете вниманието мора да бидете среќни, насмеани со многу други луѓе. Секој би сакал да биде во друштво на позитивни личности.

Не чекајте совршен момент
Совршен момент не постои. Совршен момент е веднаш и сега. Доколку така размислувате, животот ќе ви биде подобар. Затоа не треба да се воздржувате или што било да чекате.
Бидете свесни за неговото опкружување
Обрнете внимание и на неговата околина и на тоа како му влијае. Ако често го гледате со ист пијалак или додека гледа некој фудбалски натпревар, обидете се да му се придружите и поддржете го.Навистина девојки, доколку некој ви се допаѓа НЕ чекајте, туку веднаш влезете во акција и секако…освојте го! 
Но, пред да започнете

Пронајдете не на следниве мрежи: