Девојки, ајде да бидеме искрени – машките не се особено тешки за заведување, нели? Затоа ви претставуваме 4 трикови поради кои тој сосема ќе откачи по вас…Станува збор за допири, но не мислиме на стандардните допири меѓу нозе туку на нешто многу посензуално, понежно и повозбудливо.
1. Вилицата е одраз на неговата мажественост
Кога ќе ја допрете неговата вилица, потсвесно во него ја будите неговата мажественост која е многу важна за егото на секој маж. Нежно допирајќи ја неговата вилица, вие ги стимулирате чувствителните нерви на неговото лице. Ако сакате да го комплетирате овој трик, фатете го неговото лице со двете раце и гледајте го длабоко во очи неколку секунди пред страствено да го бакнете.
2. Горниот ден од неговата рака крие многу мускули, но и чувствителни нерви
Како и неговата вилица, надлактицата е исто така многу чувствителен дел од машкото тело – составена е од мускули кои го бараат вашето внимание. Почнете со дланките нежно да поминувате нагоре-надоле по неговите раце. Масирајте ги мускулестите делови, а избегнувајте ги коскените за поголем ефект. Овие потези ќе го опуштат и ќе го наведат да сака повеќе.
3. Внатрешноста на бедрата и за нив е чувствителна област
Многу малку девојки им посветуваат внимание на бедрата на партнерот и затоа не е чудно тој да се изненади ако одеднаш почнете таму да го чепкате. Со убава масажа на внатрешноста на бедрата ќе го поттикнете протокот на крв во неговиот пенис. Ако навистина сакате да го одушевите, ова е одличен вовед во орален секс.
4. Неговиот задник е повеќе од само убава глетка
Машките се прилично осетливи кога станува збор за нивниот задник, најмногу бидејќи оваа област тие ја сметаат за забранета. Сепак, спротиставете му се на срамот и започнете да истражувате.
Станува збор за допири, но не мислиме на стандардните допири меѓу нозе туку на нешто многу посензуално, понежно и повозбудливо.