Запознавањето преку интернет, има многу лоши страни, а типовите на луѓе кои ги запознаваш преку интернет во најмала рака можат да бидат чудни! Интернетот во моментов е еден од најпопуларните начини за да запознаеш потенцијален дечко – сега можеш да ги видиш неговите слики, интереси, и преку чатот да ги направите првите неколку разговори, кои би биле некако непријатни во живо …
Но, постојат недостатоци – момците кои ќе ги сретнеш на интернет може да бидат во најмала рака чудни. Овие се најлошите типови кои можеш да ги запознаеш онлајн.
Човек од два збора
Многу му се допаѓаш, но кога ќе ти пише наместо убави реченици со кои би започнал разговор, ти пишува само„ Еј“. Бегај од овој тип на момци бидејќи да имал нешто паметно да каже тој веднаш би го кажал. Веројатно овој тип на мажи очекуваат ти да се трудиш околу него, дедека тој само ужива.
Човек од многу зборови
Овој тип е тотална спротивност од првиот, овој премногу зборува. На почетокот на запознавањето, сите мораме да зборуваме малку за себе, ама тоа не подразбира долги монолози во кои тој за себе има да каже илјадници пофални зборови. Веќе по второто допишување тој ти кажува од какви болести боледувала неговата прабаба.
Оставениот дечко
Неговата цел ни најмалку не е да пронајде супер девојка, неговата цел е да ја преболи поранешната девојка, која го повредила. Тоа можеби и не е така лошо, но пази се од овој тип мажи, доколку тој непрестано зборува за тоа како таа го повредила, очигледно сеуште чувствува нешто кон неа.
Инсант маж
Еден разговор на чат и тој веќе тебе те нарекува „драга“? Мажите кои го прерипнуваат делот во кој треба да се запознаете и веднаш се однесуваат како да се знаете веќе долго време, се емоционално нестабилни и врската со нив би била пекол.
Дејвид Коперфилд
По неколку интересни дискусии, таман кога ќе помислиш дека се многу убаво почна – тој го нема. Вакви момци ги има многу, но сите тие имаат една заедничка работа: Тие се пријатели со многу девојки, и кога некоја ќе престане да им биде интересна, тој само да ќе исчезне.Интернетот во моментов е еден од најпопуларните начини за да запознаеш потенцијален дечко – сега можеш да ги видиш неговите слики, интереси, и прек



